• петок, 22 ноември 2024

Реисот Фетах Шаќири упати порака по повод Курбан Бајрам

Реисот Фетах Шаќири упати порака по повод Курбан Бајрам
Скопје, 19 јули 2021 (МИА) - Поглаварот на Исламската верска зедница Реис ул улема ефенди Фетах Шаќири упати порака по повод празникот Курбан Бајрам. Шаќири во пораката вели дека Курбан Бајрам е голем празник затоа што содржи многу историски и општествени димензии со извонредно значење за човештвото воопшто, и особено за верниците.
- Во овие денови заврши објавувањето на Светиот Куран, со кој Исламот како вера и систем на живот, за сите времиња и места, ја доби својата последна форма. Се извршува петтиот исламски услов - Хаџ, и во текот на Курбан Бајрам се извршува задачата за колење на курбани, што е главната порака за афирмација и зајакнување на човечкото суштество. Ова е потврдено со случајот на Ибрахим (а.с.), кога тој сакаше да го исполни ветувањето дадено на Бога, го зеде својот син да го жртвува во Негово име, во тој момент, наместо неговиот син, му беше даден животно за курбан. Овој чин уште еднаш, конкретно и одлучно ја нагласи и ја докажа вредноста и достоинството на човекот кон другите суштества.
За ова браќа и сестри, празникот на Курбан Бајрам е празник на голема радост затоа што со актот на колење на курбан верникот се издига високо покажувајќи вистинска покорност во еден Бог, и негува висок морал, надминува на страста и емоциите. Со курбанот колен заради Бога, имаме за цел да надвладееме над нашите страсти, вели Шаќири.
Шаќири во пораката посочува дека празникот Курбан Бајрам е празник на меѓусебна радост, зближување меѓу луѓето, грижа за сиромашните, пружење на раката на помирување, насмевка едни со други, служење на другите, подготвеност за големо дело и свесност за триумф доброто и вистината над злото. Сето ова има за цел: да го достигне задоволството на нашиот Творец и нашето формирање во согласност со духовната и физичката чистота што ја бара Исламот.
-На крај, имам посебна чест од името на Исламската верска заедница и од мое лично име до сите верници во земјата и нашите сонародници каде и да сѐ да им изразам срдечни честитки молејќи се на Семоќниот Алах на овој благословен празник да ги прифати нашите курбани и нашите ибадети, да го зајакнеме мирот во светот, да го елиминираме злото меѓу луѓето, да издржиме разни предизвици и искушенија во животот, особено семејствата на жртвите на трагичната болест Ковид-19. Нека Аллах нè благослови со своите бесконечни благодети. Бајрам мубарек олсун!, наведува во честитката Реисот, Фетах Шаќири. фф/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан