• сабота, 23 ноември 2024

Резолуција во Сенатот на САД: Секаква употреба на нуклеарно оружје на Русија во Украина ќе се смета за напад на НАТО 

Резолуција во Сенатот на САД: Секаква употреба на нуклеарно оружје на Русија во Украина ќе се смета за напад на НАТО 

Вашингтон, 23 јуни 2023 (МИА) - Во американскиот Сенат се подготвува резолуција според која ако Русија употреби нуклеарно оружје во Украина тоа ќе ја вклучи одбранбената клаузула на НАТО и ќе се смета за напад врз воената алијанса. 

Демократскиот сенатор Ричард Блументал од Конектикат, и републиканецот Линдзи Грем од Јужна Каролина, во Сенатот регистрираа нацрт резолуција според која „каква и да било употреба на тактичко нуклеарно оружје од страна на Русија, Белорусија или нивни агенти, или уништување на нуклеарна постројка што ќе доведе до испуштање на радијација на територијата на НАТО предизвикувајќи значајна штета по животот на луѓето, ќе предизвика итен одговор вклучувајќи имплементација на Статија пет од Северноатлантскиот договор“. 

-Нашата порака до оние околу Путин е ако го сторите тоа, ако ги спроведете неговите наредби ако тој некогаш ги даде, треба да очекувате масивен одговор од НАТО, и ќе се најдете себеси во војна против НАТО, изјави Грем синоќа на прес конференција посветена на нуклеарните закани од страна на Русија.  

Нацрт резолуцијата доаѓа во време кога Русија распоредува нуклеарно оружје кај сојузникот Белорусија која се граничи со Украина, и постојаната загриженост за состојбата на нуклеарната централа Запорожје које е во центарот на воените дејствија во Украина. кб/ сд/

Остани поврзан