• сабота, 23 ноември 2024

Резервации за место на плажа во Шпанија

Резервации за место на плажа во Шпанија
Мадрид, 9 мај 2020 (МИА) - Поради задолжителните мерки за физичка дистанца за време на епидемијата од вирусот Ковид-19, во Шпанија годинава туристите ќе треба да резервираат место на некои плажи. Градот Канет ден Беренгер на брегот на Средоземно море, северно од Валенсија, донесе одлука  на локалната плажа дневно да може да се постават само 5.000 лежалки, што е половина од вообичаениот број. Посетителите ќе треба однапред да го резервираат просторот на плажа преку апликација на мобилните телефони. Притоа, место може да се резервира или за претпладне или за попладне, но не за целиот ден. - Ова лето ќе биде многу поинакво. Ќе има повеќе простор меѓу соседите на плажа. Како еден вид „бизнис класа на плажа“, изјави градоначалникот Пер Хоан Антони Кордо за Си-Ен-Ен. Плажата ќе биде поделена со мрежи на квадратни делови, оддалечени два метра. Според градоначалникот, туристите ќе можат да резервираат кој било дел од плажата, а ќе има одредено време на пристигнување и заминување за да се избегнат гужвите. паг/

Остани поврзан