• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Режисерот Харис Дубица со кусо видео ги прикажа природните убавини на БиХ

Режисерот Харис Дубица со кусо видео ги прикажа природните убавини на БиХ
Сараево, 23 март 2021 (МИА) - Босанскиот режисер Харис Дубица објави видеоснимка која го прикажува се она што Босна и Херцеговина ја прави посебна. Во краткото видео, опфатени се Бања Лука, Сараево, Мостар, Јајце... Во низа кратки снимки, можат да се видат и планините, но и крајбрежјето на БиХ. „Гледав неколку вакви видеа што ги покажуваат убавините на другите земји. Па, добив желба да направам своја верзија за БиХ и судејќи според коментарите, успеав да направам нешто многу убаво", прокоментира кусо Дубица за видеото. Видеото е споделено неколку стотици пати и има над 115.000 прегледи од корисници на Инстаграм.  си/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан