• понеделник, 23 декември 2024

Ред Бул со внатрешна истрага: Хорнер е невин

Ред Бул со внатрешна истрага: Хорнер е невин

Милтон Кинс, 28 февруари 2024 (МИА) - Внатрешната истрага на Ред Бул утврди дека шефот на тимот во Формула 1, Кристијан Хорнер е невин за наводите за недолично однесување. 

На почетокот на февруари беше објавено дека поради поплака од жена од тимот на Ред Бул, започнала истрага против Хорнер, а резултатите од истата вчера биле презентирани пред бордот на директори на компанијата.

Хорнер ги отфрли сите наводи и беше одвоено испрашуван од надворешен адвокат, кој ги пренесе информациите собрани за време на нивниот разговор до Ред Бул.

Се верува дека одлуката ја донеле Оливер Минцлаф, кој го предводи одделот за спорт и инвестиции на Ред Бул, Марк Матешиц, син на ко-основачот на компанијата Диди Матешиц и Чалерн Јовидија, кој поседува 51% од компанијата.

Во текот на истрагата, притисок врз Ред Бул за брзо решавање на проблемот беше извршен од ФИА, Формула 1, други тимски шефови во светскиот шампионат, како и од Форд - новиот партнер на тимот во создавањето на погонски системи.дс

Фото: Архива

Остани поврзан