• петок, 22 ноември 2024

Редл повеќе не е селектор на Германија

Редл повеќе не е селектор на Германија
Берлин, 20 август 2021 (МИА) - Германската кошаркарска федерација објави дека Хенрик Редл се повлече од селекторот на националниот тим. Тамошната федерацијата веќе започна да бара нов селектор. Педесет и двегодишниот Редл ја предводеше германската кошаркарска репрезентација од 2016 година. Под негово водство националниот тим заврши на шестото место на Евробаскетот 2017 година, беше 18. на Светското првенство во 2019 година и осми на Олимписките игри во Токио одржани ова лето. зс/

Остани поврзан