Регистриран земјотрес во близина на Битола со интензитет од 3,6 степени по Рихтер
- Земјотрес со јачина од 3,6 степени по Рихтер попладнево е регистриран и објавен на веб страната на Европско-медитерански сеизмолошки центар.
Скопје, 27 февруари 2022 (МИА) - Земјотрес со интензитет од 3,6 степени по Рихтер попладнево е регистриран и објавен на веб страната на Европско-медитерански сеизмолошки центар.
Според првичните информации епицентарот е кај македонско-грчката граница во близина на Битола. Потресот се случил околу 14 часот, според податоци од ЕМСЦ. бк/ац/