• вторник, 05 ноември 2024

Регистрирани 65 случаи на КОВИД-19, починати се три лица

Регистрирани 65 случаи на КОВИД-19, починати се три лица
Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) - Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 695 тестови, регистрирани се 65 случаи на КОВИД-19, од кои 14 се реинфекции. Оздравени се 61 пациент, починати се три лица. Во моментов активни се 447 случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
Од новорегистрираните случаи, 47 се од Скопје, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.
Регистрирани сe 61 оздравен пациент од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица - по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77г), истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,  регистрирани се две починати лица од Скопје (86г) и Битола (65г), починати во период од 15 до 28 септември. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.557 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.208, бројот на оздравени пациенти е 333.219, а на починати е 9.542. ки/са/
 

Остани поврзан