• понеделник, 23 декември 2024

Регионалниот фонд за предизвици го објави вториот повик за изразување на интерес за проекти во образованието

Регионалниот фонд за предизвици го објави вториот повик за изразување на интерес за проекти во образованието
Скопје, 10 март 2022 Започна вториот повик за поднесување на Изјави на интерес – шанса за конзорциумите да добијат неповратни средства во висина од 150.000 до 600.000 евра Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) претставува финансиски инструмент кој има за цел да ја зголеми вработливоста, особено кај младите. Фондот ја поттикнува конкурентноста на претпријатијата во економиите од Западен Балкан преку финансирање на инвестиции во опрема и инфраструктура за избрани кооперативни проекти, и проекти за стручно и дуално образование кои се спроведуваат по пат на партнерства помеѓу установите за стручно образование и обука и претпријатијата. Грантовите се доделуваат преку натпревар на регионално ниво. Германското министерство за економски развој и соработка (BMZ) има доделено вкупно 39 милиони евра на Германската развојна банка (KfW) како поддршка на инвестиции во проекти за кооперативна обука во економиите од Западен Балкан 6. Извршната агенција за проектот е Коморскиот инвестициски форум на ЗБ6 кој е потпомогнат од страна на меѓународен конзорциум на консултанти во насока на спроведување на целосната програма. РЦФ имаше многу успешен прв Повик за изразување на интерес кој беше отворен во 2021 година, од кој произлегоа 37 најуспешни проекти со предлог за финансирање, и се доделија приближно 15,4 милиони евра на регионот на Западен Балкан 6. Сега РЦФ го отвора својот втор Повик за Изразување на интерес и ги повикува заинтересираните конзорциуми за заедничко спроведување на програми за кооперативна обука, а се сочинети од установи за стручно образование и обука и претпријатија да аплицираат и да: · Се натпреваруваат за можноста да остварат значителни инвестиции во опрема за обука и капацитети за обука при установите за стручно образование и обука, како и да поттикнат воведување на нови технологии · Го поддржат развојот на методологии за кооперативна обука заради ефективно справување со недостатокот на човечки ресурси и стратешки пристап кон градењето на капацитети · Помогнат во подобрување на вработливоста на учениците/учесниците од стручното образование и обуки, и нивно интегрирање на пазарот на трудот · Ја подобрат продуктивноста и конкурентноста на локалните претпријатија како резултат на успешно спроведените програми за обука. Вториот Повик за изразување на интерес ќе биде отворен од 7 март 2022 до 14 април 2022, до 23:59 часот. Повикот ќе се објави истовремено во шесте држави од Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. РЦФ е отворен и очекува апликации од сите шест држави и од сите економски сектори. Изјави за изразување на интерес можат да поднесат конзорциуми составени од установи за стручно образование и обука и најмалку две претпријатија кои заедно подготвуваат и реализираат програми за дуално образование или кооперативна обука. Конзорциумите треба да бидат предводени од установи кои нудат стручно образование и обука и спроведуваат програми кои водат кон стекнување на национално признати квалификации. Процесот на аплицирање за поддршка од Регионалниот фонд за предизвици се одвива во две фази. На почетокот конзорциумите поднесуваат формулар за Изјавување на интерес, а потоа тие кои ќе бидат првично одбрани по завршување на првата фаза поднесуваат и целосни предлог проекти со детален план за инвестирање. Информативната сесија за Северна Македонија во текот на која ќе бидат објаснети деталите за конкурсот, условите за подобност, прифатливите трошоци и процедурите за аплицирање, ќе се одржи онлајн на 16 март, 2022 година во 14 часот. Заинтересираните за учество можат да се пријават на следниот линк овде. Дополнителни информации за вториот повик и поднесувањето на Изјавите на интерес, вклучувајќи ги и насоките за заинтересираните апликанти, се достапни на веб страната www.rcf-wb6.org. Регионален фонд за предизвици —————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан