Регионална дебата на НКЕУ-МК: Земјите што активно преговараат имаат повидлив напредок, иако ЕУ зборува за мерит систем најчесто одлуката за проширување е политичка
- Владеењето на правото останува основен двигател на европските интеграции, додека за успешни реформи е неопходна е и регионална соработка. Главен двигател на сето ова се пристапните преговори, и земјите што активно преговараат со ЕУ имаат многу повидлив и многу конкретен напредок и затоа е важно тој процес да се движи напред. Меѓутоа колку и ЕУ да зборува за мерит систем и напредок во реформии, сепак на крајот се сведува на политички одлуки за текот на проширувањето. Ова се дел од мислењата на учесниците на денешната сесија на експертските тимови на националните конвенции на Македонија, Србија и Албанија, под мотото „Нека правдата владее во регионот“ во оранизација на НКЕУ-МК.
Скопје, 27 ноември 2025 (МИА) - Владеењето на правото останува основен двигател на европските интеграции, додека за успешни реформи е неопходна е и регионална соработка. Главен двигател на сето ова се пристапните преговори, и земјите што активно преговараат со ЕУ имаат многу повидлив и многу конкретен напредок и затоа е важно тој процес да се движи напред. Меѓутоа колку и ЕУ да зборува за мерит систем и напредок во реформии, сепак на крајот се сведува на политички одлуки за текот на проширувањето. Ова се дел од мислењата на учесниците на денешната сесија на експертските тимови на националните конвенции на Македонија, Србија и Албанија, под мотото „Нека правдата владее во регионот“ во оранизација на НКЕУ-МК.
Државниот советник во Министерството за европски прашања Христина Конеска Беровска, говорејќи за Планот за раст, истакна дека доколку не се испорачаат реформи во владење на правото исто како да не сме постигнале ништо од аспект на добивање финансиска награда.
-Сите овие елементи кои секоја година ја потенцираат важноста на владеењето на правото, напредокот во реформите само покажува колку е тоа важно и за процесот на проширување и можеби она што во во овој контекст треба да се има предвид е дека сега навистина постои како никогаш претходно, јасна визија бидејќи сега веќе се зборува за конкретни датуми со конкретни години со кои се очекува одредени земји кои покажуваат напредок да бидат спремни за членство, рече Конеска Беровска.
Според неа, уште од денес треба да се почне со довршување на реформите и оти земјава не заостанува од аспект на подготвеност, меѓутоа напредокот изминатите години не е толку видлив и мора значитечно да се подобри.
-Главен двигател на сето ова се пристапните преговори, земјите што активно преговараат со ЕУ имаат многу повидлив, позначаен и многу конкретен напредок и затоа ни е важно тој процес да се движи напред, особено во контекст што веќе се планира новата финансиска перспектива 2028-2034, за тоа како ќе се финансира ЕУ, рече таа.
Претседателот на Европското движење на Италија Пјер Вирџилио Дастоли, рече дека за земјите-кандидати важно е владеењето на правото, но од друга страна и државте-членки на ЕУ треба да го почитуваат правото, што, според него, не е секогаш случај посочувајќи на одлуките на Европскиот суд на правдата.
Според него, потребно е подлабoка интеграција во ЕУ којашто ќе оди заедно со проширувањето. Изрази очекување дека земјава во следните месеци ќе ги почне конкретните преговори за пристапување. Тој смета дека е потребно да се овоможи постепена интеграција за земјите-кандидати на пример, вели, ако некоја земја затвори одредено поглавје треба да се смета како земја-членка по тоа поглавје за кое се завршени преговорите. Дастоли смета дека европската интеграција не се наоѓа во основата на многу политички партии на земјите-членки.

Александар Кржаловски, извршен директор на МЦМС, истакна дека иако сите зборуваат за мерит систем и за напредок, сите овие години на некој начин покажаа дека ова не е баш така, и дека на крајот се сведува на политички одлуки - и за текот на проширувањето и за преговорите со земјите и нивнот напредок или застој и на крајот на прогласувањето за членки.
-Земјите станале членки со исполнување на техничките критериуми, но свесни сме дека некои земји станале членки со политичка одлука, но она што мене ми е впечаток и главна поента е дека следното проширување прилично треба да биде политичка одлука, и без поглед кој до каде е стигнат во преговорите, барем за Западен Балкан. Веројатно во оваа приказна се вклучуваат и Укриана и Молдавија во целиот пакет, но ако ЕУ сака да биде водечка сила во меѓународниот поредок, мислам дека треба да се прекрши во тоа, смета Кржаловски.
Според него, подобро да приемот да биде во пакет на сите овие земји и тука доаѓа потребата од засилена соработка во регионот и настапување како еден.
-Следејќи ги овие работи мслам дека ова е најдобро решение, но не сум оптимист дека ова е реално решение, бидејќи се уште во европските кругови неколку земји не се баш среќни со некој таков пристап и инсистираат на мерит односно поминување на сите технички прашања, но пак ке речам гледајќи наназад нема логика некои земји да преговараат 12 години, а еве гледаме дека во случајот на Албанија година и пол откако почна со преговорите, и испаѓа дека може и толку, што го потврдува политичкото гледање на работите, оцени тој.
Сајма Адемовиќ од Универзитетот „Доња Горица“ од Црна Гора, осврнувајќи се на Извештајот на ЕК за Црна Гора, во однос на владеењето на правото, иако таа држава во моментов е предводник во евроинтерациите во регионот, посочи дека Комисијата нотирала дека без напредок во Поглавјата 23 и 24, нема да има вистински напредок во другите области.

Таа го презентираше истражувањето на Евробарометар за регионов во однос на поддршката внатре во ЕУ за пристапување на земјите-кандидатки и во однос на Северна Македонија, посочи, е наведено дека кај 18 членки, најмалку 50 отсто поддржуваат влез на земјава во ЕУ. Според тоа истражување, најсилна е поддршката во Шведака (78 отсто), Словенија (71 отсто) и Хрватска (69 проценти), додека најниски резултати се забележани во Франција (36 проценти), Австрија (34 проценти) и Бугарија (32 проценти).
Таа потсети и на изјавата на Антон Хофрајтер, член на германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за прашања на ЕУ, според кого сериозно се разгледува можноста за членство во ЕУ на земјите-кандидатки, но со времено ограничување на можноста за вето. Според неа, не е само важна политичката волја за пристапување во земјите-кандидатки, на што ЕУ постојно се повикува, туку треба и сериозно да се земе предвид и политичката волја односно подготвеноста а ЕУ за прием на нови членки.
Стефан Голковиќ, претседател на Асоцијацијата на судски помошници на Србија, порача дека владеењето на правото не почнува во парламентите, туку во судниците и затоа мора да се обезбедат стабилни, независни и професионални судски системи во целиот регион.
Професорката од правниот факултет „Јустинијан Први“, Александра Деаноска-Трендафилова, рече дека голем број закони се изработени и ако има политичка волја може да се добијат уште дваесетина нови закони што ја допираат тема на правосудството и на тој начин да се забрза процесот на усогласување со законодавството на ЕУ.
Националната координаторка на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење Милева Ѓуровска одговарајќи на новинарски прашања во однос на напредокот во рефгормите и за вчерашната изјава на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека доколку немаме напредок ќе бидеме вратени на скрининг процес, рече дека скринигот е завршен процес, и ги имаме сите извештаи.
-Според сите процедури тоа е завршена работа и нема потреба да се прави повторено бидејќи она што ние досега го имаме направено на планот на европските интеграции и она што треба да го направиме е веќе во извештаите и само треба да се продолжи понатаму со спроведување на задачите што постојат во скрининг извештите, значи е потребна имплементација. А со ова другото не се согласувам, бидејќи со оглед на застојот што го имаме од политички причини, овој технички аспект е завршен, посочи Ѓуровска. нд/вј/
Фото: МИА