• сабота, 06 јули 2024

Реал ќе ги продолжи договорите со Камавинга и Валверде

Реал ќе ги продолжи договорите со Камавинга и Валверде

Мадрид, 12 октомври 2023 (МИА) - Реал Мадрид се согласи да потпише нови договори со фудбалерите од средниот ред Едуардо Камавинга и Федерико Валверде, пренесува „El Partidazo de COPE“.

Клубот од Мадрид ќе ги зголеми платите на играчите.

Двајцата играчи ќе ги продолжат договори до 2028 година. Актуелниот договор на 25-годишниот Уругваец е до 2027 година, а на 20-годишниот Французин до 2025 година.

Камавинга дојде во Реал Мадрид од Рен во 2021 година за 31 милион евра. Валверде во 2016 година од Пенарол се пресели во академијата на мадридскиот клуб за пет милиони евра. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан