• сабота, 21 декември 2024

Реал чека одговор од Арсенал за Обамејанг до 15 јуни

Реал чека одговор од Арсенал за Обамејанг до 15 јуни
Лондон, 10 мај 2020 (МИА) - Реал Мадрид постави краен рок за одлука за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг. Според британските медиуми, клубот од Мадрид сака лондончаните да донесат одлука пред 15 јуни за евентуален трансфер на 30-годишниот фудбалер од Габон. Обамејанг има уште една година од договорот со „топџиите“. Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревари за Арсенал. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на напаѓачот на 50,4 милиони фунти. зс/

Остани поврзан