• петок, 05 декември 2025

Реал потпиша со аргентински тинејџер

Реал потпиша со аргентински тинејџер

 

Буенос Аирес, 13 јуни 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид потпиша договор со 17-годишниот офанзивен играч од средниот ред Франко Мастантуоно од аргентинскиот тим Ривер Плата.

Мастантуоно е трето засилување за Реал кој не успеа измината сезона да ги одбрани титулите во Шпанија и Европа.

„Мастантуоно ќе биде играч на нашиот клуб во следните шест сезони, од 14 август 2025 година до 30 јуни 2031 година“, објави Реал.

Најмладиот играч кој некогаш играл за репрезентацијата на Аргентина ќе се приклучи на Реал предводен од новиот селектор Чаби Алонсо по Светското клупско првенство во САД.

Мастантуоно имаше своето деби за Аргентина пред една недела во победата од 1-0 над Чиле во квалификациите за Светското првенство. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан