• понеделник, 23 декември 2024

Реал Мадрид планира да го врати Регилон од Тотенхем

Реал Мадрид планира да го врати Регилон од Тотенхем
Мадрид, 12 декември 2020 (МИА) - Реал Мадрид може да го врати дефанзивецот Серхио Регилон, кој се пресели од „Кралскиот клуб“ во Тотенхем летото 2020 година, пренесува „talkSPORT“. Според изворот, раководството на Реал планира да ја активира опцијата за откуп, пропишана во договорот со 23-годишниот Шпанец. Известено е дека износот за откуп е 45 милиони евра. Во сезоната 2020/21, Регилон одигра 12 натпревари за Тотенхем и забележа три асистенции. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 28 милиони евра. зс/

Остани поврзан