Реал и нуди на Бенфика 35 милиони евра за Карерас
- Реал Мадрид не може да се договори за трансферот на дефанзивецот на Бенфика, Алваро Карерас.
Мадрид, 2 јуни 2025 (МИА) – Реал Мадрид не може да се договори за трансферот на дефанзивецот на Бенфика, Алваро Карерас.
Како што објави „A Bola“, мадридскиот клуб нуди 35 милиони евра за 22-годишниот Шпанец, додека Бенфика бара откупна клаузула од 50 милиони евра.
Карерас одигра 50 натпревари за Бенфика во сезоната 2024/25, постигнувајќи четири гола и пет асистенции. Неговиот договор со клубот истекува на 30 јуни 2029 година.
Според Transfermarkt, трансферната вредност на играчот е 35 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА