• петок, 05 декември 2025

Реал заинтересиран за голманот на Брајтон, Барт Вербруген

Реал заинтересиран за голманот на Брајтон, Барт Вербруген

Мадрид, 11 мај 2025 (МИА) - Реал Мадрид е заинтересиран за голманот на Брајтон, Барт Вербруген, објави британскиот „Сан“.

Вербруген (22) треба да го замени Андриј Лунин во Реал Мадрид, бидејќи мадридскиот клуб наводно сака да го продаде украинскиот голман на крајот од сезоната.

Британските медиуми објавуваат дека Вербруген треба да стане прв избор на голманот на Реал во иднина кога Тибо Куртоа ќе одлучи да го напушти мадридскиот клуб.

Холанѓанецот има договор со Брајтон до 30 јуни 2028 година. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан