• петок, 05 декември 2025

Реал еден месец без капитенот Карвахал

Реал еден месец без капитенот Карвахал

 

Мадрид, 28 септември 2025 (МИА) – Капитенот Дани Карвахал се повреди и ќе отсуствува од теренот најмалку четири недели, објави денеска шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид.

Карвахал се повреди на саботното градско дерби против Атлетико во кое Реал загуби со 5-2.

Триесетитригодишниот Карвахал беше надвор од теренот девет месеци поради повреда на коленото и се врати во составот на Реал за полуфиналето на неодамнешното Светско клупско првенство во САД.

„Денеска, медицинскиот тим на Реал Мадрид изврши три различни тестови на Дани Карвахал и на играчот му беше дијагностицирана повреда на мускулот на листот на десната нога“, соопшти Реал Мадрид.

Кралскиот клуб идната недела го очекува дуел со Каират во Лигата на шампиони, а на 26 октомври и пресметката со Барселона.

Трент Александар-Арнолд и Антонио Рудигер, исто така, се на листата повредени фудбалери во редовите на Реал. ег

ФОТО: Архива

Остани поврзан