• петок, 05 декември 2025

Реал без Алаба против Барселона

Реал без Алаба против Барселона

 

Мадрид, 22 октомври 2025 (МИА) – Во последниот натпревар од Ла Лига против Хетафе, 33-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Давид Алаба, се повреди и ќе го пропушти големото дерби против Барселона во Мадрид.

На Алаба му е препорачана десетдневна пауза, што значи дека нема да биде подготвен за Ел Класико, кое ќе се игра на 26 октомври на „Сантијаго Бернабеу“.

Повредата на Алаба само дополнително ги влоши проблемите на Реал во дефанзивната линија, бидејќи Александар-Арнолд, Рудигер, Карвахал и Хујсен веќе се надвор од теренот.

Сепак, проблеми со повредени играчи има и во Барселона во чии редови Тер Штеген, Дани Олмо, Гави и Рафиња нема да играат против Реал, а под знак прашалник е и настапот на Левандовски. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан