• понеделник, 08 јули 2024

Реал бара десен бек: Александар Арнолд е желба на „кралевите“

Реал бара десен бек: Александар Арнолд е желба на „кралевите“

Мадрид, 22 март 2024 (МИА) - Речиси е сигурно дека Килијан Мбапе наскоро ќе потпише договор со Реал Мадрид и од лето ќе стане нов играч на мадридскиот клуб, но Галактикосите му „фрлија око“ на Трент Александер Арнолд.

Очигледно е дека на Реал му недостасуваат играчи на дефанзивните позиции. На левата страна Ферлан Менди веќе подолго време се мачи со повреди, па често се случуваше Аурелион Чуамени да игра надвор од својата природна позиција, додека Фран Гарсија доби шанса на неколку натпревари. Тоа не ги задоволи стручниот штаб и раководството, па бараат решение за позицијата лев бек во форма на Алфонсо Дејвис.

Кога станува збор за позицијата десен бек, најдобрата опција ја гледаат во аквизицијата на првотимецот на Ливерпул, Трент Александер Арнолд. Англискиот репрезентативец веќе неколку години игра на завидно ниво и е еден од најдобрите дефанзивци во светот, особено кога се во прашање напаѓачките способности.

Заминувањето на Јирген Клоп може да предизвика големи промени во Ливерпул, па не е исклучено англискиот репрезентативец да најде нова средина.

Александар Арнолд одигра 302 натпревари за Ливерпул, постигна 18 гола и асистираше 82 пати. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан