• сабота, 10 август 2024

Реализирана првата фаза од авионската дезинсекција против комарци во Скопје

Реализирана првата фаза од авионската дезинсекција против комарци во Скопје
Скопје, 26 мај 2021 (МИА) - Во неделата и понеделникот во раните утрински часови беше ивршена првата фаза од авионската дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Град Скопје, на вкупна површина од околу 15.000 хектари. - Авионската дезинсекција ги опфати урбаните подрачја и приградските населби, кои со своите блата се природната средина на комарците. Во тек е и терестричната дезинсекција против возрасни комарци, која почна во понеделникот, а ќе се реализира до петок, информираат од прес-службата на Град Скопје. Потсетуваат дека оваа година Град Скопје изврши и две авионски и две терестрични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци.фф/са/

Остани поврзан