Реакција од ЈП Комунална хигиена-Скопје на изјавата на Стевчо Јакимовски
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 3 април 2025
Би сакале да го информираме градоначалникот на општината Карпош дека празнењето на комуналниот отпад од контејнерите и од кантите во индивидуалните домаќинства во оваа скопска општина се одвива согласно редовната динамика предвидена со Оперативниот план за собирање комунален отпад на територијата на Градот Скопје.
ЈП Комунална хигиена-Скопје деновиве забележа загрижувачка појава на диво исфрлање на отпад собран од страна на општинските комунални служби во општината Карпош во садовите поставени од ЈП Комунална хигиена-Скопје меѓутоа и на зелени површини низ општината. Веројатно тоа е причината за неговата неконтролирана реакција во јавност на сметка на КХС.
Притоа, градоначалникот со денови објавува фотографии од садовите коишто ги преполнуваат неговите општински служби и за истото сака да ја обвини ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Апелираме до Јакимовски да го прочита Законот за управување со отпад и веднаш да престане со подметнувања и неосновани напади, а за непрописното фрлање отпад ќе биде секогаш санкциониран без разлика на неговите реакции, обиди за притисоци и префрлање на вина во јавност.
ЈП Комунална хигиена-Скопје
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: Комунална хигиена