• среда, 17 јули 2024

Реакција од Социјалистичката партија на Македонија за договорот со Бехтел и Енка и коридорите 8 и 10д

Реакција од Социјалистичката партија на Македонија за договорот со Бехтел и Енка и коридорите 8 и 10д

Скопје, 27 април 2023

 

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека градење на патишта од страна на Конзорциумот Бехтел и Енка без проект, без траса и неекспроприрано земјиште претставува истурање пари без мерка, со непредвидливи износи, без одредени точни суми.

Власта на Ковачевски и Груби склучила нејасен договор со кој се загрозува правниот и уставниот поредок на државата и сериозно се подрива капацитетот на македонската економија и солвентноста на државата. Сигурна е само корупцијата, а цените и работите на градбата не се дефинирани за тие двајца да профитираат од тоа.

Правците на коридорите 8 и 10д што треба да се градат секако дека се со крупно значење за инфраструктурното поврзување на државата, но со оглед на отворените сомневања во веродостојноста на висината на вкупните енормни износи се проблематизира приоритетниот интерес за државата. За личниот е очигледно дека се постигнува.

Се подготвува градба на нешто што во сегашни услови и по оваа цена, со сите отворени прашања и негативни последици кои ги предизвикува, можеби и не го оправдува приоритетот, а ќе ја чини државата неколку милијарди евра.

Тоа ќе ја ослабе економијата на државата затоа што сите средства ќе ги исцрпи и оневозможи решавање на потребите на сите буџетски корисници.

Со ваков договор се прави економско уништување на Македонија зошто тоа се огромни пари кои нема да може да се вратат од користење на автопатиштата, а генерациите што доаѓаат ќе ги отплаќаат овие скапи средства. Овој факт налага голема претпазливост во оправданоста на трошењето толку големи народни финансиски срдедства.

Нетранспарентноста на постапката и склучување на таен договор ги потврдува сериозните сомнежи за криминал затоа што се менуваат системски закони на насилен начин. Надзорот го доби фирма која што не се занимавала со таа дејност, а заобиколени се врвни специјализирани институции кои со години вршеле надзор во градбата на патиштата во Македонија.

Експлоататорското однесување кон македонската економија и граѓаните е злосторство на Ковачевски и Груби кои свесно ја уништуваат силата на македонската економија. Тие се подготвени да прифатат експлотација и робовско работење на работниците за градба на овие патишта видно од предлозите за измени на законот за работни одоси што е апсурден и противуставен.

Социјалистичката партија на Македонија упатува Собранието на Република Македонија да донесе закон со кој штетите што ќе бидат предизвикани од реализација на овој договор Ковачевски и Груби лично да ги надоместат од сопствен имот и средства и да одговараат за тоа.

 

ИНФОРМАТИВНА СЛУЖБА НА СПМ

Фото:МИА

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан