• понеделник, 23 декември 2024

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција од СДСМ на прес-конференцијата на Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 26 март 2021 ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за иницијативата која треба да обезбеди дополнителни 250 милиони буџетски приходи ВМРО-ДПМНЕ шири невистини и лажни обвинувања за иницијативата за јавно приватно партнерство во Македонски Царини. Не е во ред Гордана Кочоска Димитриеска, која се смета за економски експерт да ги плаши компаниите со зголемување на нивните трошоци, кога иницијативата за воведување на јавно приватно партнерство во Македонски Царини е во почетна фаза, а бизнис моделот се разработува од мешовита работна група во која членуваат надлежните државни институции, вклучително и коморите. Сега се разгледуваат сите аспекти на овој бизнис модел, кој е пракса во повеќе европски држави, приватни компании да вршат следење и маркирање на акцизните стоки, па дури потоа би следеле евентуални законски измени, кои би ги создале предусловите за спроведување на јавно приватно партнерство во оваа сфера. Првичните проценки упатуваат дека преку имплементацијата на овој бизнис модел во Македонски Царини, само по овој основ ќе се обезбедат дополнителни 250 милиони евра, Буџетски приходи на годишно ниво. При реализација на ова јавно приватно партнерство, Македонски Царини нема да изгубат дел од своите надлежности поврзани со маркирање на акцизните стоки, туку ќе добијат кредибилен партнер за зголемување на постоечките капацитети за остварување на поголеми приходи од акцизните стоки. Постапката е максимално транспарентна и јавноста во секоја фаза ќе ги има сите информации за сите аспекти на иницијативата. Владата предводена од СДСМ посветено се бори против сивата економија и злоупотребите на институциите, кои без заштитен знак на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ______________________________________________________________________________  МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан