• недела, 22 декември 2024

Реакција од СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски

Реакција од СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски
Скопје, 29 септември 2020 Мицкоски е бранител на криминалот, шири лажни вести и се противи на мерките за помош на граѓаните и компаниите, неговото место во опозиција е загарантирано По којзнае кој пат Христијан Мицкоски покажа дека не може да се помири со тоа што парите од Буџетот завршуваат кај граѓаните. Не само што е против четвртиот пакет мерки, не само што е против тоа да се спасуваат стотици илјади работни места, против да се зајакне куповната моќ на невработените и пензионерите, Мицкоски јавно најави дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието повторно ќе се обиде да блокира мерки што се во интерес на граѓаните. Мицкоски вечерва јавно најави дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокираат „Викендот без ДДВ“ со кој околу 17 милиони евра ќе завршат кај граѓаните, дека ќе ги блокираат платежните картички за пензионерите со ниски пензии. Деновиве, Мицкоски дрско лаже дека биле ветени четири викенди без ДДВ, што во реалноста никогаш не се случило. Ништо не се менува кај губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои силно се противеа и против покачување на пензиите, против поголема минимална плата, против мерката Мој ДДВ. Во опозициската партија се уште е силно присутна режимско-криминалната матрица. Затоа Мицкоски очајно и со сите сили и ден денес ги брани криминалците во редовите на својата партија кои се правосилно осудени. Таквото неодговорно, незрело и антидржавно дејствување на Мицкоски му гарантира сигурно место во опозиција уште долги години, граѓаните на три изборни циклуси по ред јасно порачаа дека не поддржуваат нечесни, деструктивни личности како Мицкоски кои работат против интересите на граѓаните и државата. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста _________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан