• среда, 17 јули 2024

Реакција од Македонски Телеком за написите од аферата „Паразити“

Реакција од Македонски Телеком за написите од аферата „Паразити“
17 ноември 2022  Во врска со написите за аферата „Паразити“ во која се посочуваат платите на државните службеници, за да не се доведе јавноста во заблуда, Македонски Телеком известува: Македонски Телеком не е јавно претпријатие, ниту државна институција, туку една од најуспешните компании со странски капитал во земјава, која уште од 2001 година е дел од интернационалната групација Дојче Телеком. Компанијата, повеќе од 20 години функционира во конкурентно опкружување со други интернационални брендови. Позициите Главен извршен директор, на која е г. Никола Љушев и Главен директор за финансии на која е г. Славко Пројкоски не се позиции на јавни службеници назначени од Владата, туку високи деловни функции кои носат одговорност за целокупното работење на компанијата. Овие позиции подразбираат поседување на соодветно искуство, докажана експертиза и преземање деловни активности за постигнување резултати согласно плановите и стандардите на Дојче Телеком групацијата. Македонски Телеком __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан