• петок, 05 декември 2025

Реакција на Тренчевска на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите

Реакција на Тренчевска на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за пензиите

Скопје, 25 јули 2025 

На ставовите на ВМРО-ДПМНЕ реагира пратеничката од СДСМ и поранешна министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува во интегрална форма.

Тренчевска потсетува дека во периодот од февруари 2022 до мај 2024 година, благодарение на Методологијата за усогласување на пензиите што ја донесе Владата на СДСМ, пензиите пораснаа за 29,7%. За тој период, најниската пензија порасна од 9.900 денари на 13.200 денари, а ниту едно покачување не било симболични 50 или 100 денари како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Освен редовните покачувања, во два наврати беа доделени социјални мерки за сите пензионери:

3.000 денари за сите пензионери,

15.000 денари за оние со пензија до 14.000 денари,

10.000 денари за пензии од 14.001 до 16.000 денари,

7.500 денари за пензии од 16.001 до 19.000 денари.

„Во мај 2024 година дупката во ПИОМ изнесуваше 32,5%. Денес таа е 47,8%. Со системски политики ја чуваме стабилноста на фондот, ВМРО-ДПМНЕ го загрозува и неговиот опстанок“, истакнува Тренчевска.

СДСМ уште еднаш ја потврдува посветеноста кон пензионерите – со одговорни, системски решенија за подобар стандард, стабилен пензиски фонд и реална поддршка, а не со манипулативни трошки и лажни ветувања како што денес им се нуди.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

ФОТО: СДСМ 

 

Остани поврзан