• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 29 септември 2021 Се поголем е стравот во Белата палата од силниот пораз во Скопје и убедливата победа на Петре Шилегов, јасно им е и во ВМРО-ДПМНЕ дека скопјани не забораваат дека токму оваа партија 27 години го уништуваше Скопје, а сега нема никаква понуда, концепт, ниту идеја за градот. Истата таа партија да ги задоволи своите криминални апетити преку проектот Скопје 2014 потроши стотици милиони евра, пари на граѓаните, кои немилосрдно се трошеа на лажен барок, споменици и стиропор. Децениските криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, придонесоа за системско уништување на зеленилото и животната средина, а со негрижата за животната средина предизвикаа енормно загадување. За разлика од нив, Петре Шилегов со сериозен меѓуинституционален пристап успеа да ги реши сите проблеми настанати во времето на режимот. Шилегов ја има најдобрата понуда и за овие избори. Зад него се реални реализирани проекти кои веќе им служат на граѓаните. Тој не нуди лажни и неостварливи проекти како Данела Арсовска со цел да манипулира и да создаде конфузија. Граѓаните на Скопје на 17 октомври масовно ќе застанат зад концептот на Петре Шилегов и ќе го одберат најдоброто за својот град. Центар за комуникации на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан