• петок, 22 ноември 2024

Реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Калеска-Ванчева

Реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Калеска-Ванчева
Скопје, 4 мај 2022 СДСМ веќе шеста година се на власт и во целост го уништија правосудниот систем. Откако се дојдени на власт постојано говорат за некакви реформи во правосудството, а се што прават е само окупирање и партизирање на сите институции па така и на правосудните. Доколку сакаше СДСМ да направи вистински реформи во судството, немаше да ја држи во заложништво Комисијата за избори и именувања и ќе дозволеше да се изберат уставните судии кои се неопходни за работата на Уставниот суд, иако и нивната Кацарска апелираше да се изберат час поскоро. СДСМ со нивните игри во Собранието не дозволува одржување на оваа комисија бидејќи нивната цел е да се протнат партиски договорени уставни судии кои што дополнително ќе ја партизираат оваа институција. Дополнително, СДСМ сеуште калкуира и со изборот на заменици на народниот правобранител кои што се неопходни за работата на оваа институција и истите се заглавени во меѓупартискиот пазар на партиите од власта. Сака да додадам дека ВМРО-ДПМНЕ и колицијата како одговорна и конструктивна опозиција досега покажа, посебно за правосудните реформи кои се носат со двотретинско мнозинство, дека кога власта е спремна на разговори и дебата, секогаш сме наоѓале заеднички јазик и сме давале поддршка кога наши предлози биле прифатени. Во случајов со најавените правосудни реформи власта ниту не консултирала ниту течат некакви преговори за истите. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан