• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на Македонското археолошко друштво во однос на случувањата на археолошкиот локалитет Скупи

Реакција на Македонското археолошко друштво во однос на случувањата на археолошкиот локалитет Скупи

Скопје, 24 февруари 2023 

Последната недела дена сме сведоци на бројни написи по јавните медиуми во однос на интерпретација на археолошки и епиграфски споменици откриени при заштитните археолошки ископувања на источната некропола на античкиот град Скупи.

Како стручна фела сме засегнати од нестручното, шпекулативно интерпретирање на овие наоди и нивното ставање во дневните агенди на политичките партии.

Македонското археолошко друштво апелира до сите политички чинители да се воздржат од толкување на откриените наоди и мешање на политиката во овластувањата на надежните институции од заштита на културното наследство, како и во доменот на археолошката струка и наука.

Археолошки истражувања се долг и макотрпен процес, а интерпретацијата на археолошките и епиграфски наоди бараат посебен третман и кабинетска обработка пред истите да бидат стручно и научно верификувани.

Фото: Фејсбук

Македонско археолошко друштво

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан