• недела, 22 декември 2024

Реакција на КФСМ по кривична пријава за Перо Антиќ: Нечесни намери за реализација на лични интереси

Реакција на КФСМ по кривична пријава за Перо Антиќ: Нечесни намери за реализација на лични интереси
Скопје, 14 јануари 2022 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација (КФСМ) денеска реагираше повод информациите за поднесена кривична пријава против нејзиниот претседател Перо Антиќ за надводна злоупотреба на службената должност, укажувајќи на „смислено сценарио зад кое стојат поранешни структури на Федерацијата“. Во реакцијата КФСМ истакнува дека станува збор за „нечесни намери за реализација на лични интереси“ и „преземање на власта во Федерацијата“. - Жално е што овие структури, кои веќе биле дел од Федерацијата, се обидуваат на еден ваков начин, да го искористат ова време во кое во целиот свет владее пандемија од коронавирусот. и основната работа во спортот е да се „остане жив“. Регуларно да го завршиме првенството, натпреварите од Купот, младинските лиги, да ги организираме натпреварите на репрезентативните селекции на највисоко можно нив. И наместо нивна поддршка, како спортски работници, до сите федерации за сето вложено во годините зад нас, се соочуваме со вакви анонимни пријави кои се вистинска злоупотреба, многу извесно, за реализација на некои лични интереси, се наведува во соопштението. Дополнуваат дека пријавата, односни причините за поднесување на истата, се, како што наведуваат, „само еден доказ повеќе за нивното елементарно непознавање на правилата, на актуелните пропозиции и на актите на федерацијата“. - Веројатно „пријателите“ им потврдиле дека тоа е доволно за да почне „процесот за преземање на власта“, па истите тие, а нам добро познати ликови, го прифатиле како такво. Многу подобро за нив е да ги држат рацете подалеку од спортот и кошарката, се додава, меѓу другото, во реакцијата на КФСМ. ег/ар/

Остани поврзан