• вторник, 19 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Зоран Заев изнесени ТВ Сител

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Зоран Заев изнесени ТВ Сител
25 октомври 2021 Заев го потцени народот - Според него граѓаните не знаеле да гласаат, и затоа не го гласале него, помешале 3 и 12. За Заев народот е виновен затоа што тој изгубил, и тој не знаеле да гласа. Заев треба да знае дека народот точно знае зошто не гласал за него. Тендерите во РЕК, Тендерите на Филипче, Рекетот по фирми, националните порази, неработата се причината поради која Заев изгуби, а не затоа што народот не знаел како да го заокружи за да го поддржи. Неодговорноста за криминал на Рашковски, кој Заев се упте го брани и тврди дека е невин, Ден Дончев кој го виде целата јавност како става туце со пари во ташна е на слобода, а за енго нема ниту обвинение. Местените тендери на Шилегов и преплаќање на една набавка речеси двојно, како и нехигиената се причината зошто граѓаните знаат што кружат, а тоа не беше Заев. Граѓаните му дадоа жолт картон на Заев и за него и неговите другари на функции, а во недела на 31 октомври ќе му дадат и црвен. А кога зборува за другарите на функции нека ги погледне Венко Филипче и Љупчо Николовски, со едниот вози мотори, а со другиот оди по ручеци, тие и двајцата му се во влада и ги брани, иако одамна требаше да се заминати. Заев не се менува. Пред само месец ипол изгоре цела болница и 14 луѓе ги загубија животите, но Заев наместо оставка реши да го брани неговиот другар Филипче, е затоа Заев лаже. Тој ниту го смени Николовски кој го мести од функција на функција, ниту го смени Филипче. Заев е прочитан. На 31 октомври народот ќе му покаже дека точно знае како гласа.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан