• петок, 22 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов
Скопје, 27 октомври 2021 Шилегов очигледно не видел како изгледа Дрисла и каква закана е за здравјето и животот на Скопјани. Шилегов со своите розеви очила не видел дека на Дрисла се складира опасен и медицински отпад без да се почитуваат основните стандарди. Најдобар демант за лажните прес конференции на Шилегов се фотографиите кои покажуваат дека Дрисла функционира субстандардно и медицинскиот отпад се третира како обичен отпад. Лагите на Шилегов го трујат Скопје исто како и Дрисла. Цела среќа што неработникот и манипулатор Шилегов заминува и проблемот со Дрисла ќе се решава според највисоките европски стандарди, со цел да се заштити животот и здравјето на граѓаните на Скопје. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивнатасодржина, ниту за евентуалните правописнинедоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан