• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Лидија Тасевска

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Лидија Тасевска
Скопје, 28 март 2022 Владата враќа само мал дел од тоа што им скрати на пензионерите, недоволно ни за трошоците за зејтин во месецот, потребно е покачување од 20% на пензиите. Владата го укина моделот на раст на пензиите кој сега го враќа во 2018 година. 3 години тие крадат од парите на пензионерите. Тоа што не им е исплатено на пензионерите изминативе 3 години, тие нема да го надоместат, туку даваат само мал дел од тоа што им земале. Во услови кога цените на основните продукти и горивата се покачени и за 70%, 1.000 денари за 3 месеци за пензионерите не се никаква помош, и не можат ниту да ги израмнат пензиите на куповно ниво од пред поскапувањата. СДСМ да не гледа краткорочно за некоја ситна политичка корист, и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, тоа ќе ги израмни пензиите и ќе го зачува стандардот на пензионерите. Но наместо на зголемување на пензиите, СДСМ и ДУИ се зафатени како од голтари да станат милионери. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан