• понеделник, 25 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Зоран Заев на ТВ 21

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Зоран Заев на ТВ 21
Скопје, 11 јуни 2020 Зоран Заев е најголема несреќа на македонскиот народ. Додека десетици семејства губат животи на своите најблиски паметот на Заев му е датуми за избори. Зоран Заев вечерва призна дека диктира какви одлуки да носи Караџоски и целата Комисија. Тој директно потврди дека и Комисијата е партизирана и извршувала партиски диктати. Па така партизираната Комисија која требаше да го заштити здравјето на граѓаните се претвори во џелат. Македонија има повеќе мртви на милион жители од Србија, Бугарија, Грција и Албанија заедно. Имаме повеќе заразени од сите земји во опкружувањето, а Заев вели дека Караџоски добро се справува со 3000 заразени. Самиот факт што Зоран Заев вели дека вонредната состојба може да ја моделира тој говори колку е заробена државата и институциите. ВМРО-ДПМНЕ и најостро ги демантира лагите на Заев дека 8 јули е преговаран датум. Тоа е предлог на СДСМ кој од ВМРО-ДПМНЕ не е прифатен. Дополнително Заев лаже кога вели дека ќе има целосна мисија на ОБСЕ и ОДИХР, тоа е лажна приказна на Заев, затоа што сака избори без набљудувачи. Доколку Заев сака некој да му верува, нека покаже јавно каде ОБСЕ се има изјаснето дека ќе испрати целосна мисија. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, но нема да гази по мртви луѓе. Животот на граѓаните нема цена. СДСМ ќе изгуби. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи кога и да е. По поразот ќе следи одговорност за сите криминали, корупција и штети што и ги нанесе на Македонија. Тоа е причината зошто Заев бега и постојано ретерира. СДСМ полека станува минато. Со СДСМ Македонија оди само назад. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ  __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан