• петок, 22 ноември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјава на претседателот на Собранието Талат Џафери

Скопје, 14 септември 2021

На Коалицијата ДУИ и СДСМ на чело со спикерот Талат Џафери помил им е на Венко Филипче отколку животите на граѓаните на Тетово.

Денес Собранието на чело со Талат Џафери и мнозинството на СДСМ и ДУИ застана во целосна одбрана на Зоран Заев и Венко Филипче.

Власта денес остана без мнозинство во Собранието се со цел само да го заштити двоецот Филипче Заев.

Талат Џафери и ДУИ  се во целосно одбрана на најнеспособниот министер Венко Филипче.

Вистинските прашања на кои власта треба да одговори се:

  • Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?
  • Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?
  • Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?
  • Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?
  • Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?
  • Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?
  • Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?
  • Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?
  • Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?
  • Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагата?
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан