Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Бојан Маричиќ
- Од интервјуто на Маричиќ се виде јасно дека СДС лаже и манипулира дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени под бугарски диктат и дека СДС се уште нема одговор кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на состојбите е прифатлив.
Скопје, 12 јуни 2023
Од интервјуто на Маричиќ се виде јасно дека СДС лаже и манипулира дека ВМРО-ДПМНЕ прифатиле уставни измени под бугарски диктат и дека СДС се уште нема одговор кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за надминување на состојбите е прифатлив.
Останува сега Маричиќ и Ковачевски да се извинат што отворено ја лажеа јавноста.
Воедно е жална леснотијата со која СДС констатира дека не е реално да се заштитат националните интереси и да се обезбеди интеграција во исто време. Така тие ја признаваат и својата неспособност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
—————————————————————————————————————————
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: МИА Архива