• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на Борис Георгиевски на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски

Реакција на Борис Георгиевски на изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски
Скопје, 23 јануари 2022 Тоа што вашите градоначалници овие скоро 100 дена не дадоа никакви резултати па немате со што да се фалите не ви дава право да лажете. Господине Димче Арсовски јас уште пред три дена повикав општината да направи комисија и на терен да изврши надзор и проверка за реализацијата на јавинот повик за одржување на уличното осветлување. Кога човек е чист секоја ваша лага е залудна. Ниту јас се бранам ниту пак има потреба мојата партија да го прави тоа, затоа што вистината е на моја страна. Добро е што барем си признавте дека сите овие години како портпарол на ВМРО ДПМНЕ сте ја имале задачата да го браните криминалот во вашата партија. Не е лесно да си портпарол во партија поврзана со многу криминални афери. Ако вашите партиски другари се такви не значи дека сите се исти. Но како и да е, сѐ што досега кажа ќе треба на суд да го докажеш. Почитуван Димче Арсовски кога веќе сте дошле до дворот на општината влезете внатре и прашајте го вашиот градоначалник зошто нема издадено налог за поставување на лед светилки. Прашајте го зошто и покрај активен договор за лед светилки во новиот буџет обезбедил 20 милиони денари за одржување на уличното осветлување? Не заборавајте да го прашате зошто сака да ја затвори градинката во Стајковци или пак зошто децата од градинката Детска радост може да останат без храна. Не заборавајте дека вие сте сега власт во Гази Баба и редно е веќе почнете да работите нешто од она што сте го ветиле пред граѓаните. Борис Георгиевски __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан