• понеделник, 23 декември 2024

Реакцијата на мало дете на пресвртот во омилениот цртан филм

Реакцијата на мало дете на пресвртот во омилениот цртан филм
Лос Анџелес, 12 август 2021 (МИА) - Многумина мислат дека малите деца не можат да ја следат приказната што ја гледаат, но погледнете ја реакцијата на ова дете на пресвртот во нејзиниот омилен цртан филм... Сите имаме наша омилена ТВ-програма, кога целосно се внесуваме во приказната при заплетот или при миг што ќе нѐ погоди во чувствата. Ешли Огборн на Тик-ток има свој видеоблог за мајчинството, за нејзиниот сопруг пејач, семејството и нивното големо куче. Малото девојче на Огборн, Елери ја сака емисијата „Кокомелон“. „Работите стануваат ’сериозни’ кога хрчакот Џелибин исчезнува на ’Кокомелон’,“ напиша Огборн во описот на видеото. Елери го гледа цртаниот, како и вообичаено, а Огборн ја снима секоја секунда од реакцијата на малечкото. Прво следи шок-изненадување, намуртено разочарано лице, па ширење на рацете и крикот „О, неееее!!!“ Реакцијата на Елери доби над 5,4 милиони прегледи, речиси 1,5 милиони допаѓања, а на еден корисник, девојчето му изгледало „како секој татко што гледа спорт“.  си/сд/

Остани поврзан