• недела, 22 декември 2024

Реакција на Алијанса за Албанците на прес-конференцијата на Синдикатот на ДПИ

Реакција на Алијанса за Албанците на прес-конференцијата на Синдикатот на ДПИ

Скопје, 16 март 2024

Конференција на независниот синдикат на Државниот просветен инспекторат е апсурдна од својот вид, уникатен случај кој јасно покажува кому и зошто му пречи директорот на Инспекторатот Халит Ферати.
Председателот на синдикатот, Јован Ѓорѓиевски, поранешен градоначалник на општина Сопиште, предложен од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која организираше протести против албанското образование во Чашка и против директорот Халит Ферати, денеска бара негово разрешување. Синдикатот е регистриран и на адреса на општина Сопиште, што е преседан за синдикално организирање, кое исто така треба да се залага за правата на вработените, а не за именување директор и политички прашања како што слушнавме на конференција.
Сето ова докажува дека на првиот човек на овој синдикат и на неговите соработници им пречи тоа што за првпат повторно заживеа Државниот просветен инспекторат кој со години не се слушаше. Нив им пречи имплементацијата на албанскиот јазик, вработувањето и унапредувањето на Албанците во инспекторатот и образованието, отворањето албански паралели низ државата, особено во населените места каде што со години не функционираат.
За сето ова да не биде доволно, се сеќаваме дека Ѓорѓиевски и некои негови соработници добиле кривични пријави за нивната работа.

Алијанса за Албанците

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан