• понеделник, 25 ноември 2024

Раул Кастро се повлекува од политиката и од врвот на Комунистичката партија на Куба

Раул Кастро се повлекува од политиката и од врвот на Комунистичката партија на Куба
Хавана, 16 април 2021 (МИА) – Раул Кастро денеска соопшти дека се повлекува од политиката и од функцијата генерален секретар на Комунистичката партија на Куба, наведувајќи дека раководството на партијата ќе го предаде на помладата генерација, која, како што истакна, е „полна со страст и антиимперијалистички дух“. Во својот говор на отворањето на четиридневниот конгрес, кој се одржува зад затворени врати, а чии извадоци беа објавени на телевизија, Кастро рече дека со задоволство го предава раководството на партијата на група соборци кои имаат повеќедецениско партиско искуство. Тој истакна дека се повлекува со чувство дека „ја исполнил својата мисија и е уверен во иднината на татковината“. Повлекувањето на Раул Кастро (89) претставува крај на шестдецениската ера во која Куба ја водеа тој или неговиот брат Фидел, а која почна во 1959 година. јт/

Остани поврзан