• понеделник, 23 декември 2024

Расчистено убиството во гостиварско Дебреше, лишени од слобода три лица

Расчистено убиството во гостиварско Дебреше, лишени од слобода три лица

Гостивар, 23 јули 2024 (МИА) – Три лица се лишени од слобода набрзо по пријавата за убиство што се случи попладнево во гостиварското село Дебреше.

Од СВР Тетово информираат дека полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денес во гостиварско Дебреше околу 17:15 часот.

- Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција „обрач“ за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите се лишени од слобода и тоа Б.В.(28), Ј. В. (31) и Љ.B.(32), информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Тој потврди дека е пронајдена е и автоматската пушка за која има сомнеж дека е користена во убиството.

Првичните сознанија од местото на насатанот се дека починатиот Р.К. бил застрелан по претходна расправија околу паркинг. Двајца браќа, негови соселани пред трагичниот настан го чекале пред неговиот дом и го застрелале. Набрзо по убиството, со возило „волво“ сторителите се оддалечиле од местото на настанот.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО.  згм/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан