• недела, 22 декември 2024

Расчистено разбојништво во Кочани, приведени тројца малолетници

Расчистено разбојништво во Кочани, приведени тројца малолетници

Скопје, 18 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица Кочани по преземени мерки и активности, лишија од слобода тројца малолетници од Кочани поради сомнение дека вчера извршиле разбојништво во Кочани. 

-Според пријавеното вчера околу 7:00 часот физички и со тврди предмети го нападнале М.А. од Кочани во дворот од неговата куќа, по што му одзеле пари. Со малолетниците бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на јавен обвинител,  претставник од Центарот за социјални работи и адвокат, по што, по насока на јавен обвинител, против нив е поднесено известување до ОЈО поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Тројцата малолетници се сомничат дека во претходниот период извршиле повеќе од 30 кривични дела „кражби“, „тешки кражби“, „тешки кражби на дрзок начин“, „разбојнички кражби“ и „разбојништво“.вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан