• понеделник, 23 декември 2024

Расчистени 15 измами во Гостивар, кривична пријава за четворица измамници

Расчистени 15 измами во Гостивар, кривична пријава за четворица измамници
Скопје, 6 јуни 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесени се кривични пријави против четири лица од Скопје и Тетово поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „измама".
- Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар целосно расветли вкупно 15 измами и до Основното јавно обвинителство Гостивар вчера (15 јуни) поднесе кривична пријава против:Б.А.(35) од Скопје и тројца тетовци Р.М.(37), Б.М.(31) и Ш.Ш.(35), поради основи на сомнение дека сториле кривично дело "измама", казниво по член 247 став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Како што посочуваат од МВР, четворицата пријавени, од кои двајца веќе издржуваат затворски казни, се сомничат дека во 2020, 2021 и 2022 година со лажно прикажување и со прикривање факти довеле во заблуда повеќе лица во Гостивар.
- Организаторите на овие измами за реализација на истите користеле и други лица, најчесто роднини или блиски на оштетените, а за да бидат поубедливи во нивните измислени приказни и на тој начин противправно да дојдат до различни суми на парични средства, се наведува во соопштението на МВР.фф/са/

Остани поврзан