• недела, 22 декември 2024

Раст на вредноста на доларот

Раст на вредноста на доларот
Сингапур, 28 јули 2020 (МИА) - Вредноста на американскиот долар денеска забележа раст од двогодишниот минимум откако инвеститорите ја намалија продажбата на американската валута пред состаноот на Федералните резерви и во исчекување на завршување на политичката дебата во Конгресот на САД за следниот пакет фискални мерки за поддршка на економијата. Доларскиот индекс денеска порасна за 93,492 поени на 93,918. Но, индексот забележа загуба од 3,6 проценти во јули и ако во следните денови не оствари значителен пораст тоа ќе биде најлош месечен резултат во изминатите 10 години. Во исто време британската фунта се спушти на четиримесечниот максимум на 1,2850 долари, додека вредноста на јапонскиот јен се намали за 0,3 поени и се стабилизира на 105,65 јени за еден долар, што е незначително под неговото највисоко ниво забележано во март. Еврото е на ниво ид 1,725 долари, што е за 0,2 проценти помалку во однос на претходниот ден. ми/

Остани поврзан