• петок, 22 ноември 2024

Раст на вкупните кредити и депозити во јуни

Раст на вкупните кредити и депозити во јуни

Скопје, 19 јули 2024 (МИА) - Вкупните депозити во јуни бележат годишен раст од 7,2 проценти, а вкупните кредити од 6,4 проценти, објави денеска Народната банка. 

Според податоците на централната банка, растот кај депозитите  и кај кредитите е резултат на зголемените депозити и кредити кај двата сектора, но со поизразен придонес кај домаќинствата. 

На месечна основа, вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,4 проценти, што во целост се должи на повисоките депозити на корпоративниот сектор, а кај вкупните кредити зголемувањето на месечна основа е 0,8 проценти. бак/

Фото: Народна банка

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан