• петок, 22 ноември 2024

Расте бројот на новозаразени, хоспитализирани, но и на оздравени од Ковид-19 во Албанија

Расте бројот на новозаразени, хоспитализирани, но и на оздравени од Ковид-19 во Албанија
Тирана, 22 август 2020 (МИА) - Во Албанија продолжува трендот на голем број новозаразени со Ковид-19, хоспитализирани, но и на оздравени лица. Како што информираше Министертвото за здравство и социјална заштита, во изминатото деноноќие направени се 837 тестови на сомнителни случаи, при што позитивни на вирусот биле 156 од нив. Според болничката статистика од изминатите денови од оваа недела произлегува дека во просек дневно имало по 145 новозаразени. - Се зголемува и бројот на оздравени лица. Во изминатите 24 часа во списокот се внесени 88 или вкупно 4.184 од вкупно заразените 8.275. За жал битката со опасниот вирус во последното деноноќие ја изгубија пет пациенти или вкупно 245 до сега. Активни на болеста се 3.846 најмногу во Тирана или 1.954 и Драч 504 лица, се наведува во соопштението. Исто така се додава дека во изминатите денови се зголемил бројот на лица на кои им е потребно болничко лекување. Во двете ковид болници се третираат 141 пациент или 20 повеќе споредено со пред два дена,при што 29 од нив се во тешка здравствена состојба. Во последните десеттина дена се прават двојно повеќе тестови од претходно но не повеќе од 900. Се очекува бројот на тестирања да се зголеми откако властите дозволија тестови за Ковид-19 да се прават и во приватни лаборатории, што до сега беше забрането. Познати албански професори и експерти од оваа област сметаат дека во земјата треба да се прават најмалку по 2.500 тестови дневно. Од почетокот на март до сега во Албанија направени се 55.272 теста. вт/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан