• понеделник, 23 декември 2024

Расте бројот на заразени со Ковид во Белгија, нов бран во октомври

Расте бројот на заразени со Ковид во Белгија, нов бран во октомври

Брисел, 27 септември 2022 (МИА) – Последните бројки покажуваат подем на бројот на заразени и на хоспитализирани поради Ковид-19, јави дописничката на МИА од Брисел.

Повторно расте бројот на заразени од Ковид-19 во Белгија, па така во периодот меѓу 17. и 23 септември во просек се заразени 2.232 лица, односно зголемување од 21 отсто во споредба со претходната недела.

Стапката на позитивни тестови изнесува речиси 20 отсто, а стапката на репродукција на вирусот изнесува 1,236. Кога стапката на репродукција е поголема од 1, тоа значи дека вирусот забрзано се шири.

Институтот за јавно здравје на Белгија предупреди дека треба да се очекува нов бран во средината на октомври.

Зголемен е и бројот на пациенти во болниците за 41 отсто во споредба со претходната недела, како и бројот на хоспитализирани на интензивна нега, за 14 отсто.

Само бројот на починати се намалува и тоа за 61 отсто. тм/паг/

Остани поврзан