• недела, 22 декември 2024

Расте бројот на загинати во нападот на Хезболх, повеќето се деца

Расте бројот на загинати во нападот на Хезболх, повеќето се деца

Тел Авив, 27 јули 2024 (МИА) – Бројот на загинати во ракетниот напад на Хезболах врз Мајдал Шамс се искачи на 10, главно деца, соопшти службата за брза помош Маген Давид Адом, јави Тајмс оф Израел.

Повеќе од десетина други се ранети, од кои шест се во тешка состојба, тројца во умерена состојба, четворица полесно повредени и неколку други на кои им била укажана помош поради анксиозност.

Израелските безбедносни сили (ИДФ) оценија дека ракетата што го погодила фудбалскиот терен каде што играле деца била релативно тешка. јт/

Фото: Маген Давид Адом на Х

Остани поврзан