• четврток, 16 мај 2024

Распродаден македонскиот навивачки сектор за натпреварот против Украина во Прага

Распродаден македонскиот навивачки сектор за натпреварот против Украина во Прага

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) – Секторот предвиден за навивачи на македонската фудбалска репрезентација за претстојниот евроквалификациски натпревар против Украина во Прага е експресно распродаден и „црвено – жолтите“ ќе имаат бројна поддршка од трибините на „Епет Арена“ на 14. овој месец.

За македонските навивачи беа резервирани 997 билети кои беа продадени за помалку од 48 часа, а според најавите навивачки групи организирано ќе допатуваат во Прага од повеќе европски држави.

Дуелот меѓу македонската и украинската репрезентација во рамки на групата Ц во квалификациите за ЕУРО 2024 е закажан за 14 овој месец со почеток во 15 часот на стадионот на Спарта Прага со капацитет од 18.000 седишта.

Пред завршните три евроквалификациски дуели, македонската репрезентација е на четвртото место во групата со седум бодови, колку што имаат и Италија на второто и Украина на третото место. Лидер е Англија со 13 бодови, додека Малта е на последното место без освоен бод. ег/вј/ 

Фото: ФФМ

 

Остани поврзан