• сабота, 27 јули 2024

Расправија и пукање помеѓу жители на скопско село при нивна средба на Попова Шапка

Расправија и пукање помеѓу жители на скопско село при нивна средба на Попова Шапка
Тетово, 10 јануари 2022 (МИА) - Жител на скопска Копаница во тетовската полиција пријавил дека соселанец пукал кон брат му при нивна средба на Попова Шапка. Инцидентот се случил околу 21 часот, а при тоа немало повредени луѓе.-Дваесет и деветгодишниот И.Ш од скопска Копаница во 21 часот и 25 минути пријавил дека на Попова Шапка, каде престојувал со неговиот брат  Х.Ш. и двајца нивни пријатели, по куса вербална расправија,  Ф.З.(27) од истото село извадил огнено оружје и пукал кон Х.Ш., но, не го погодил, по што со возило се оддалечил од местото.Според пријавеното, двајцата браќа подолго време имале нарушни односи со Ф.З, информира Марјан Јосифоски, портпарол  на СВР Тетово.Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. ас/сст/

Остани поврзан